Ресторан
За љубителите на храна
Ресторанот на Hotel Village ви дава одлично кулинарско искуство. Вие само треба да се релаксирате и да се подготвите да бидете воодушевени.
Со своите светли, свежи бои и отворен распоред но во удобна атмосфера, ќе откриете одново и одново каква радосна пригода е да се јаде овде. Храната е подготвена од најдобри продукти и внимателно сервирана од страна на нашите Шеф мајстори.
Капацитетот од 100 седишта е совршен за семејни собири, прослави, и во секоја пригода се ужива во добрата храна и секаков вид специјалитети.
Гостите на хотелот, исто така, ќе ги ценат нашите пансионски оброци на база на шведска маса и најгостопримливите членови на персоналот.
Внатрешната и надворешна тераса (со капацитет од 70 седишта) се во мирно опкружување со поглед на внатрешниот парк на комплексот. Уживајте во утринското или било кое кафе тука, или само сончајте се, најдете време за опуштање. Одовде, Ви препорачуваме зајдисонца со поглед на Самуиловата тврдина, како сонцето заоѓа, така тврдината се осветлува. Незаборавно.