Book Now!

Правила На Хотелот

КУЌЕН РЕД

Со цел да го направивиме Вашиот претстој попријатен, Би сакале накратко да се запознаете со следните правила на хотел “Village”.

Пријавување и одјавување на гости:

  • Време на пријавување од 14:00 часот
  • Време на одјавување до 10: 00 часот

Ресторан:

  • Појадокот се служи во ресторанот од Хотелот во период од 07:30 до 10:00 часот
  • Ручек (A la Card service)
  • Вечера (A la Card service)

Постапка за итни случаи:

Правилата за безбедност и планот за евакуација се поставени во сите хотелски соби и ходниците..

  • Во случај на евакуација Ве молиме да го одберите најбезбедниот и најкраток излез кој ви стои на располагање
  • Во случај на евакуација Ве молиме да не го користете лифтот

Телефон:

Во секоја од хотелските соби има телефонски апарат. Бројот на Вашата соба е идентичен со телефонскиот локал. Повикот кон рецепција е со бирање 0 на телефонскиот уред. Рецепцијата Ви стои на располагање за секое Ваше прашање или потреба во секое време..

Мини бар:

Хотелските соби располагаат со мини бар, кој е опремен со разновидни пијалоци, грицки и чоколадо. Ценовникот за истиот е поставен во секоја од собите. Користењето на оваа услуга ќе биде наплатено на рецепција.

Перална:

Оваа услуга е достапна, сите информации и листа со цени ќе ги најдете приложени во хотелската папка.

Сеф:

Хотелот поседува сеф на рецепција. Вашите вредни работи безбедно може да ги чувате таму, на Ваше барање. Хотелот има 24 часовен видео мониторинг.

Чистење и одржување на собите:

Чистењето на собите се прави секојдневно после 9 часот наутро. Доколку не сакате да се чисти собата или не сакате да бидете вознемирувани, поставете го знакот ”Не Вознемирувај” на вратата од Вашата соба.

Останати правила:

  • При секое напуштање на Хотелот, гостинот е должен да го остави клучот (картичката) од својата соба на рецепција, губењето или оштетувањето на истите е на трошок на гостинот.
  • Најљубезно ги замолуваме нашите гости да се грижат за инвентарот во хотелските соби и да не го преместуваат. Секое свесно оштетување на истиот подлежи на нивен трошок.
  • Пушењето е забрането во сите соби и делови од хотелот, освен на местото каде што има знак дека тоа е дозволено (зона за пушачи дел од ресторанот) .
  • Не е дозволено внесување на домашни миленици во Хотелот.
  • Не е дозволено готвење, внесување на храна и слично во хотелските соби
  • Не е дозволена посета од надворешни лица во хотелските соби.

Хотел “Village” Ви посакува пријатен претстој